Конкурс за бесплатни стипендии за ученици и студенти Роми
Ученици и студенти од ромска етничка припадност можат да аплицираат на конкурсот за добивање 10 бесплатни стипендии за додипломски студии и пет стипендии за постдипломски студии од страна на МИТ Универзитетот.
Ова денеска го соопшти Кабинетот на министерот без ресор Самка Ибраимоски, кој е задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија, а во врска со конкурсот за запишување студенти во академската 2017/2018 година во Република Македонија.
МИТ Универзитет – Скопје со цел остварување на општествена одговорност како инклузивно и мултикултурна високо образовна институција, стои во соопштението, доделува 10 стипендии за бесплатно студирање на додипломски студии на ученици со завршено четири годишно средно образование со одличен успех и покажани резултати во вон училишни активности од ромска национална припадност.
Стипендираните студенти имаат право да изберат да студираат на кој било од акредитираните факултети и студиски програми во рамки на МИТ Универзитет – Скопје: Факултет за менаџмент, Факултет за архитектура, Факултет за психологија, Факултет за правни науки, меѓународни односи и дипломатија, Факултет за безбедносни науки, Факултет за менаџмент на еколошки ресурси. Предност во изборот на стипендираните студенти ќе имаат лицата од социјално загрозени семејства, се наведува во соопштението.
Кандидатите кои ќе аплицираат за стипендии, потребно е да поднесат: извод од матична книга на родените, уверение за државјанство, четири свидетелства за завршено средно образование, диплома од средно образование, дипломи од учество на натпревари, освоени награди, признанија и други покажани резултати во наставни и вон наставни активности, документ за материјална состојба на студентот и неговото потесно семејство, односно вкупните месечни примања по член на семејството на студентот и две фотографии.
Кандидатите треба да ги достават документите до 20 август на МИТ Универзитет – Скопје. Резултатите за стипендистите ќе бидат објавени во рок од пет дена на веб страницата на МИТ Универзитет – Скопје (www.mit.edu.mk) и ќе бидат проследени до кабинетот на министерот Ибраимовски, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Полицијата презема мерки за пронаоѓање шест лица - работници од Непал
-
Избувна пожар во светиниколско: Изгоре штала, две грла добиток, млин, сточна храна
-
Во Струмица oбид за киднапирање на тригодишно дете, полицијата испитува дали се работи за кривично дело
-
Мицкоски за можна средба со Мицотакис во Вашингтон: Се надевам дека ќе го задржиме достоинството и дека ќе разговараме како партнери и добри соседи
-
Путин очекува Орбан да зборува од името на Европа за Украина
-
НАТО на самитот во Вашингтон ќе бара стандардизација на артилериската муниција
-
Столтенберг се надева дека Украина може да се приклучи на Алијансата во следните 10 години
-
Шолц вети дека поддршката на ЕУ за Украина нема да ослабне, и покрај посетата на Орбан на Москва