Томовски утре ќе поднесе тужба по серијата обвинувања на СДСМ дека негова семејна фирма добива милионски тендери од држaвата
Ивица Томовски утре се состанува со адвокатскиот тим за да поднесе тужба по серијата обвинувања на СДСМ дека негова семејна фирма добила милионски тендери од државата. Тој во тема на Денот демантираше каква било поврзаност со Сити аутсорсинг – компанијата која добила тендери во вредност од 5,3 милиони евра.
„Апсолутна невистина. Татко ми е сопственик на таа компанија до 2022 година кога ВМРО-ДПМНЕ и ние сме во апсолутна опозиција во тој момент. Кога јас влегувам во повисоките кругови на политиката ја продаваме компанијата, ја оттуѓува татко ми, не јас, повторно да напоменам јас немам никаква сопственичка структура, ниту мој близок има сопственичка структура со оваа компанија“, изјави Ивица Томовски, директор на СОЗР.
Двата клучни аргументи врз коишто опозицијата ги темели обвинувањата за Томовски се дека неговиот телефонски број е контакт за оваа фирма и дека неговите татко, зет и внук се вработени во истата. На ова Томовски возвраќа дека телефонскиот број не е во сопственост на фирмата, туку негов и дека никој од неговото семејство не е дел од команијата Сити аутсорсинг.
„Ја повикувам ДКСК и Обвинителството сите да покренат случај и би ги замолил доколку може тој случај брзо да го решат согласно нивните можности, само на тој начин јас можам да ја докажам мојата невиност“, додаде директорот на СОЗР.
Томовски не гледа ништо спорно во донацијата од 8.000 евра во 2021 година во неговата матична партија, во период кога неговата партија е во длабока опозиција, а тој не е на никаква државн афункција.
Директорот на СОЗР не ја исклучува можноста да е цел на оркестиран удар на СДСМ, откако Мицкоски најави кадровско освежување во ВМРО-ДПМНЕ на пролет, заедно со реконструкцијата на Влада.
Томовски потсетува дека , не е првпат СДСМ да го напаѓа за коруптивни тендери. Претходно го поврзуваа и со фирмата Преториан која го доби тендерот за обезбедување на државни објекти. Жалба беше испратена и до ДКСК, но антикорупционерите одлучија да ја отфрлат. За овој случај Томовски вели дека заштедил 30 милиони денари.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
