Конкурс за избор на невеста и зет на „Галичка свадба 2026“

Конкурс за избор на невеста и зет на манифестацијата „Галичка свадба 2026“ објави денеска Месната заедница Галичник. Пријавувањето на кандидатите ќе трае до 19 февруари, а одлуката ќе биде соопштена во март 2026.
Заинтересираните парови треба да се пријават на е-адресата mzgalicnik@gmail.com, со назнака: „За избор на зет и невеста – Галичка свадба 2026“. Во пријавата треба накратко ќе ја споделат својата приказна и мотивација.
Месната заедница Галичник соопшти дека при изборот предност ќе имаат брачни двојки со потекло од Галичник (двајцата или еден од партнерите), тие што претходно биле дел од Галичката свадба во друга улога, што се активни и ангажирани во месната заедница и оние на кои венчавката во Галичник ќе им биде прв црковен брак.
-Ги покануваме сите заинтересирани парови кои сакаат својата љубов да ја крунисаат со венчавка во Галичник на Петровден и да дадат завет пред Бога и традицијата да се пријават на конкурсот за избор на невеста и зет за 2026 година. Ги охрабруваме сите парови што со почит, искреност и љубов ја чувствуваат оваа традиција да станат дел од една од најзначајните културни манифестации во Македонија. Галичката свадба не е само настан, таа е живо културно наследство, завет и спомен што се пренесува со генерации. И во 2026 година, во петровденскиот викенд, Галичник повторно ќе заживее со свадбени поворки, песна, ора, бајрак и свечено руво, славејќи ја љубовта преку вековните обичаи, соопшти Месната заедница Галичник.
МИА
Ново на Сител
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
