Констатирани оставките на осумте членови на ДИК

Претседателот на Собранието Талат Џафери, на пленарна седница ги констатираше оставките на осумте членови на Државната изборна комисија (ДИК), по поднесеното лично барање од членовите.
Како што е познато оставки поднесоа членовите од редовите на експертите: претседателот Александар Чичаковски, потпретседатело Реџеп Прекопуца и Атанас Урумов; Игор Милев и Виолета Дума предложени од СДСМ; Сашо Срцев и Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ и Субхи Јакупи од ДУИ.
Во моментов ДИК има само еден член Ермира Асани Салија, од редовите на БЕСА и не може да работи и заседава бидејќи нема кворум.
Оставките во ДИК следуваа откако изби скандалот дека тие си делеле бонуси за време на изборите. За локалните си поделиле по четири плати како бонуси, за парламентарните лани во декември пет, а во април за изборите што се одложија си поделиле по три плати.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
