-->
-->
Констатирани оставките на пратениците кои станаа градоначалници
-->

- Собранието на Република Македонија денеска на почетокот на 18. седница ги констатира оставките на пратениците кои во првиот круг од локалните избори добија градоначалнички мандати.
Петмината пратеници кои станаа градоначалници во првиот круг од изборите се Петре Шилегов, Стефан Богоев, Сашо Поцков, Коста Јаневски и Максим Димитриевски. Нивните пратенички места, како што објави МИА, се очекува да ги заземат Татијана Лалчевска, Анета Симеска-Димоска, Лидија Тасевска, Ристе Ташев, Костадин Костадинов, Агим Муртезанов и Костадин Ацевски.
Собранието денеска констатира престанок на пратничките мандати и на пратениците Бардиљ Даути од ДПА и на Зеќирија Ибраими од БЕСА, кој оставката до Парламентот ја доставил пред вториот круг од изборите.
Собранието ќе продолжи со работа околу 13:00 часот откако ќе добие известување од ДИК кој ќе ги замени овие пратеници.
На денешната седница присуствуваат пратениците и од владејачкото мнозинство и од опозицијата. Новите градоначалници по констатирањето на престанокот на нивниот мандат се поздравија со претседателот на Собранието и со нивните колеги кои им посакаа успешна работа.
Се очекува уште една измена на собранискиот состав откако во вториот круг од локалните избори градоначалници станаа Благоја Бочварски во Штип и Курто Дудуш во Штип. Престанокот на нивниот мандат ќе биде констатиран откако ДИК ќе ги прогласи резултатите од вториот круг на изборите за конечни.
На дневен ред на 18. седница на Собранието, која е прва по паузата поради локалните избори, се Предлог на одлука за изменување на Одлуката за испраќање припадник на АРМ за учество во мировната операција на Обединетите нации, УНИФИЛ во Либан, барање за давање автентично толкување на член 15 став 4 алинеа 5 и член 69 од Законот за градежно земјиште, поднесено од градоначалникот на Општина Илинден, барање за давање на автентично толкување на член 12 и член 13 од Законот за градежно земјиште, поднесено од в.д. градоначалникот на Општина Струга, барање за давање на автентично толкување на член 9 став 1 алинеја 1 од Законот за јавни набавки, поднесено од градоначалникот на Општина Куманово, како и барање за давање автентично толкување на член 14 став 4 и член 42 став 10 од Законот за минерални суровини, поднесено од градоначалникот на Општина Богданци
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Зеленски: Разговори со Трамп за распоредување на американски трупи во Украина, одлуката е на САД
-

Турција годинава ја погодија 53.262 земјотреси
-

Ѓорѓиевски на ФБ: Време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави, создадовме програма што ги поврзува сите генерации
-

Сали на Фејсбук: На денешната седница на Владата бев именуван за прв заменик-претседател на Владата
-

ФФМ ќе ја проверува постапката за издавање тренерски лиценци
-

Рама: Албанија ќе произведува оклопни возила и борбени беспилотни летала
-

Вучиќ: Во 2026 година имаме две цели - мир и најдобра година во економијата
-

Апел од лекарите да не се користат пиротехнички средства
