-->
-->
Констатирани тешки телесни повреди кај малолетничката која вечерва беше удрена од возило на бул. „Србија“
-->

Констатирани се тешки телесни повреди кај малолетното девојче кое вечерва беше удрено од воизло кај бензинската пумпа „Лукоил“, на булевар „Србија“ во Општина Аеродром, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-На 07.12.2023 во 16.25 часот на бул.„Србија" спроти бензинска пумпа патничко возило „пасат" со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Л. удрило во малолетен пешак. Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза", каде била пренесена за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.
Оттаму исто така велат дека продолжува увидот од страна на екипа на СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мадуро денеска пред федералниот суд на Менхетен ќе ги слушне обвиненијата за наркотероризам
-

Се воведува е-фактура
-

Се прават последните подготовки за Бадник и Божиќ
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Дејан Пројковски
-

Мадуро утре ќе се појави пред американскиот суд
-

Мицкоски: На Бугарија и пречи македонскиот јазик во акцискиот план за малцинствата
-

Жестоки мерки за маркетите кои не го почитуваат Законот за нефер трговски практики, најави Мицкоски
