-->
-->
Консултации во Министерството за правда за Законот за обвинителство
-->
Точно напладне започна нова средба на првите луѓе од ЈО, Љубомир Јовески, Обвинителството за гонење организиран криминал, Вилма Русковска, Обвинителката од СЈО, Ленче Ристоска, Академик Владо Камбовски, професорот Гордан Калајџиев и претставници на Министерството за правда, во однос на предлог Законот за јавно обвинителство и иднината на СЈО.
Ваква средба се одржа и во текот на вчерашниот ден.
За професорот Калајџиев, ова е крајот за СЈО, а тоа било злоупотребено да се бутне од власт ВМРО-ДПМНЕ.
- Јанева ги добила предметите со закон и мора да ги работи. Во случајот има поднесено оставка и не може да се однесува од типот "после мене потоп". Никаде во законот не се предвидува ова обвинителство да ги предаде сите предмети особено не во ваква ситуација каде нејзе и е завршен мандатот и каде нема политичка волја да се избере нов обвинител, изјави Калајџиев.
За академикот Камбовски пак нема ништо спорно предметите од СЈО да ги добие Јавното обвинителство бидејќи се што не било уредено со законот за СЈО, дополнително се уредува со законот за Јавно обвинителство.
Инаку денеска се очекува Јавното обвинителство да ја донесе одлуката по предлогот на Катица Јанева, сите предмети од СЈО, обвинителите кои ги застапувале, да ги предадат на државното јавно обвинителство.
Зоран Јаневски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Алтернатива: Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања
-
Малолетник натепан од свои врсници во Аеродром - Еден снимал, другите физичките го нападнале
-
Претседателката Сиљановска-Давкова на отворањето на Самитот за мир во Украина
-
Недела неработен ден за верниците од муслиманска вероисповед
-
Руски воен авион го наруши шведскиот воздушен простор
-
Истрага за двојното убиство во Кратово
-
Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи упати честитка по повод Курбан Бајрам
-
Скопјанец осомничен за разбојништво во банка