Контактирани 68.502 хронични пациенти од кол центарот на ФЗОМ

Реализацијата на проектот на Владата „Фондот се грижи за хроничните болни“ се одвива според планираната динамика, соопштија од Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Преку телефонски јавувања, смс пораки и е-пошта, ФЗОМ досега контактираше 68.502 осигуреници со дијабетес, кардиолошки и бубрежни заболувања, како дел од проектот за грижа на хронично болни.
Од ФЗОМ посочија дека десетте нивни тимови вработени кои ги контактираат осигурениците, од почетокот на проектот од 1 октомври 2015 до денес, продолжуваат да наидуваат на позитивен приeм.
Иако голем број од контактираните осигуреници се запознаени со тежината на нивното заболување и имаат основни информации за својата терапија, начинот на исхрана и животен стил, има и осигуреници кои иако знаеле дека се болни, не биле сигурни какви се последиците од ненавременото одење на лекар и примање на соодветна терапија. На овие осигуреници во разговорите со нив, укажано им е од колкава важност за нивното сопствено здравје е да ги слушаат препораките на лекарите и да се однесуваат посовесно кон своето здравје, што ги засега и нивните најблиски, стои во соопштението.
Овие разговори, наведуваат од Фондот, се и можност осигурениците да прашаат и за други права од здравственото осигурување, што се во надлежност на Фондот.
Осигурениците, исто така, во разговорите со тимовите се интересираа и за користење на новите електронски услуги на Фондот. Овие податоци се од нашите тимови кои се составени од вработени во поголемите подрачни служби како што се: Скопје, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Велес, Прилеп и Куманово. Тие им се јавуваат на осигурениците со трите хронични заболувања да ги потсетат кои прегледи треба редовно да ги прават, да ги информираат за комплексноста на заболувањето, со цел да се стопира можната прогресија на болеста, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Црник
-

Шпанската полиција заплени 1,5 тони кокаин, меѓу уапсените е и еден хрватски државјанин
-

Пезешкијан: Меморандумот за разбирање со САД е најдобриот начин да се реши војната
-

Ангелов: Попладнево активни повеќе од 15 пожари, два од нив загрозуваат и населени места
-

Украина и Финска потпишаа договор за производство на дронови
-

Арагчи: Новите американски санкции се знак на очај и нема да го скршат Иран
-

Американските авиони поради кои Техеран и се закани на Софија ја напуштија Бугарија
-

Путин: Глорификацијата на нацизмот и неонацистичката идеологија е во темелите на модерната украинска државност
