-->
-->
„Континуум“ на Игор Јосифов во Битола
-->
Патувачката изложба „Континуум“ на мултимедијалниот уметник од Сан Франциско со македонско потекло Игор Јосифов денеска ќе пристигне во Битола.

Изложбата ќе биде поставена во уметничката галерија „Магаза“ и ќе биде отворена до 11 март.
„Континуум“ е збирка од десетгодишната работа на Јосифов. Содржи арт-филмови, дела изработени со рефлексија од оган и жив настап (перформанс).
Премиерното претставување на овој уникатен уметнички производ беше на 16 декември 2016 година во Младинскиот културен центар во Скопје. „Континуум“ доби патувачки карактер, вклучувајќи неколку градови во Македонија (Скопје, Тетово, Кичево и Битола). Во април 2017 година ќе отпатува за Чикаго и ќе биде изложена во „Defibrillator Performance Art Gallery“.
Изложбата во Битола ќе биде со музичка поддршка од диџејот Никола Илиевски кој настапува под уметничкото име Robotnix.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Родителите на загинатите во „Пулс“ повторно маршираат
-

Тема на денот со Светлана Силјановска, консулантка за стратешки комуникации
-

Убиство во Охрид
-

Убиство во Охрид
-

Поевтинување на бензинот, благо поскапување на дизелот, очекува Владата
-

Стратешки дијалог Македонија – САД во април
-

Европската интеграција во фокус на средбата на Филипче со хрватскиот опозиционер
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство, СДСМ со саркастичен одговор
