Контролирана експлозија кај амбасадата на САД во Лондон, евакуација и на аеродромот Гетвик

Британската полиција изврши контролирана експлозија откако „сомнителен пакет“ беше пронајден пред амбасадата на САД во Лондон.
Метрополитен полицијата постави безбедносни кордони околу локацијата во Најн Елмс, јужно од реката Темза, јавуваат британските медиуми.
„Можеме да потврдиме дека 'гласната експлозија' што беше пријавена во областа е контролирана експлозија изведена од страна на полицијата,“ стои во објавата на лондонската полиција на платформата Икс, со дополнување дека истрагата продолжува, а кордоните ќе останат присутни уште некое време.
Во меѓувреме, од аеродромот Гетвик известија дека „голем дел“ од јужниот терминал е евакуиран поради истрага на можен безбедносен инцидент. „Патниците нема да можат да влезат во јужниот терминал додека трае истрагата,“ се додава во изјавата.
Засега нема информации дали постои поврзаност меѓу сомнителниот пакет кај амбасадата на САД и евакуацијата на аеродромот.
Ново на Сител
-

Мбапе: Сонувам да играм против Роналдо и Нејмар на нивното последно Светско првенство
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и адолесценти, услугите ќе бидат достапни преку системот „Мој термин“
-

Лабудовиќ од КОСАП: Балканот мора да стане енергетски коридор на Европа, а не периферија на транзицијата
-

Бахреин ги осуди иранските напади
-

Приведен 76-годишен маж од Гостивар, возел мопед без дозвола
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради трка
-

Почна полагањето на државната матура, годинава полагаат 14.500 ученици
-

Израелската армија уби бебе во Западен Брег
