Копа Америка: Петарда за Перу

Фудбалската репрезентацијата на Бразил во висок стил се пласираше во четвртфиналето на Копа Америка 2019 откако предмалку со високи 5-0 славеше во мечот од третото коло од групната фаза против селекцијата на Перу.
„Кариоките“ се чини победникот го решија уште во првото полувреме кое го добија со резултат 3-0.
Касемиро постигна погодок со глава во 12 минута за отворање на резултатот. Играчот на Ливерпул, Роберто Фирмињо во 19 минута искористи еден подарок од голманот на Перу и ја дуплираше предноста на својата репрезентација. Се чини прашањето на победникот беше решено уште во 32 минута кога Евертон погоди во долниот десен агол за убедливи 3-0.
Во вториот дел Дани Алвеш прецизно стрелаше за 4-0 во 53. минута од мечот, а нововлезениот Вилијан, со маестрален удар од 16 метри во 90 минута ги постави конечните 5-0.
Вредно е да се спомене дека во 93 минута голгетерот на „Кариоките“, Габриел Хесус не искористи удар од белата точка, голманот на Перу му го одбрани ударот.
Бразил групата А ја заврши со две победи и еден нерешен резултат, па сега во четвртфиналето противник ќе му биде третопласираниот во групите Б или Ц.
Како второпласирана репрезентација од групата А во четвртфиналето пласман обезбеди селекцијата на Венецуела која вечерва со 3-1 славеше против Боливија. Ова е историски успех за Венецуела со пласманот во четвртфиналето на Копа Америка.
Стрелци на головите за победничкиот тим беа Мачис во 2 и во 55 минута и Мартинез во 86 минута, додека почесниот погодок за Боливија беше дело на Јустинијано во 82 минута.
Ново на Сител
-

Трамп со заканa за Иран: Времето ви истекува, подобро побрзајте или нема да остане ништо
-

Македонската ракометна репрезентција се пласираше на Светското првенство 2027
-

МВР: Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје
-

Вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени две лица
-

Калас: Администрацијата на Трамп не сака силна Европска Унија
-

ОЈО бара притвор за осомничениот за убиството на 18-годишното момче од Бојане
-

Запален автобус на автопатот Гевгелија-Скопје
-

Николоски: Невозможни се барањата на „Рајан ер“
