Корбин: Нема да ги предводам лабуристите на следните избори

Лидерот на британската Лабуристичка партија, Џереми Корбин, изјави дека нема да ја предводи оваа партија на следните избори по „многу разочарувачката ноќ“.
-Ова очигледно е многу разочарувачка ноќ за Лабуристичката партија, со резултатите што ги добивме. Нема да ја предводам партијата ни во каква идна предизборна кампања, рече Корбин, а пренесуваат британските медиуми.
Тој додаде дека Брегзит ја поларизира и подели дебатата во Велика Британија и дека ја поништи „толку нормалната политичка дебата“.
-Признавам дека тоа придонесе за резултатите кои Лабуристичката партија ги оствари вечерва ширум земјата, рече Корбин.
Конзервативната партија на Борис Џонсон оствари убедлива победа на вчерашните избори и обезбеди мнозинство во парламентот, со што е отворен патот кон реализација на Брегзит.
Според Би-Би-Си, конзервативците освоија 364, а лабуристите 203 пратенички мандати.
Ново на Сител
-

Приведени 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола
-

Најевтините 10 и најскапите 10 градови во Европа за туристите
-

Лани дипломирале 7 612 студенти, 27.3 проценти во областите бизнис, администрација и право
-

Ограбен велосипедист во Скопје
-

Полицаец од Битола лажно сведочел дека возилото на неговиот брат е во сопственост на МВР за да избегне казна
-

Андоновски: Оптимистичко сценарио е укинување на роаминг со ЕУ од 1 јануари 2027, рокот не зависи од нас, туку од Унијата
-

Во првиот квартал помалку бракови, а повеќе разводи
-

Негативен природниот прираст во 66 општини во првиот квартал
