Корисниците од индустриската зона „Визбегово“ без струја
Корисниците од индустриската зона „Визбегово“ утре од 9 до 12 часот ќе останат без електрична енергија.
В понеделник без струја од 8:30 до 15 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Димо Хаџи Димов“ и „Марко Орешковиќ“ во општина Кисела Вода.
Без струја од 9 до 13 часот в понеделник ќе бидат дел од жителите од скопското село Страчинци, а од 9 до 15 часот дел од корисниците од селото Батинци, улиците „4“, „6“ и „7“.
Во периодот од 9:30 до 11:30 часот без струја ќе останат дел од корисниците од улицата „Мариовска“ бр. 1, 3 и 5 во општина Кисела Вода.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.
Ново на Сител
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест
-
Нов протест за новиот автопат
-
Управниот одбор на Токсикологија ќе ја решава судбината на Клиниката
-
Македонци осудени на 5 години затвор во Грција - пренесувале 599 лажни бланко документи