Кормак: Санкциите против Додик не се лесно воведени

Амбасадорката на САД во Босна и Херцеговина Морин Кормак изјави дека санкциите против претседателот на Република Српска Милорад Додик не се лесно наметнати, па не можат ниту да бидат брзо укинати.
- САД лесно не наметнува санкции. Тоа е процес за кој внимателно се размислува и се заснова на јасни стандарди на владеењето на правото. Она што го бараме, кога ги наметнуваме санкциите, е да се промени политиката и пристапот. Во овој случај тоа се однесува на Дејтонскиот договор. Промената на политиката во однос на тоа би овозможило укинување на санкциите. Но, тоа е многу долг процес, објасни Кормак за „ЕуроБлиц“.
Таа нагласи дека доколку Додик ја промени политиката, ја заврши приказната за референдумот за отцепување и ако презентира целосно почитување на Дејтонскиот договор и одлука на Уставникот суд во БиХ, ќе и биде задоволство да се состане со него, додавајќи дека средбата со Додик зависи од него.
- Од она што опишав многу е јасно дека ова не е флексибилна краткорочна политика, туку подразбира неколкумесечно работење на на различни агенции и размисување за тоа што довело да се случи ова. Дебатата за ова, почна во септемви по референдумот во Република Српска, со што се прекрши одлуката на Уставниот суд на Босна и Херцеговина, наведе Кормак.
Замолена да го прокоментира тоа што Додик ја прогласи за непожелна во Република Српска, таа истакна дека е свесна за неговиот коментар, но дека граѓаните за време на посетата и посакале добредојде.
- Јас ги претставувам САД и нашата амбасада и она што го имаме е долгогодишна соработка со Република Српска, со градовите, властите на ентититетите и тоа со посредување на проектите што ги спроведува УСАИД, нагласи амбасадорката на САД во БиХ, додавајќи дека нема индиција оти политиката на САД ќе се промени кон БиХ по доаѓањето на новата администрација.
Зборувајќи за најавите на новата американска администрација дека би можела да ги преиспита позициите на кариерните дипломати, Кормак потенцираше дека очекува да остане до крајот на мандатот, како и дека тоа и е потврдено од страна на Вашингтон.
Ново на Сител
-

Седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, три лица лишени од слобода
-

Вчера лишени од слобода 13 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило
-

Алиу од Кочани: Продолжува реевалуацијата на здравствената состојба на повредните во пожарот во кочански „Пулс“
-

Уапсен кумановец – при претрес пронајдени повеќе видови дрога
-

Иран утрово повторно нападна неколку земји од Персискиот Залив, се огласија сирените за узбуна во Израел
-

Трамп: Последната личност од која ни треба помош против Иран е Зеленски
-

Медведев го победи Алкараз и ќе се соочи со Синер во финалето на Индијан Велс
-

Иранската војска се закани дека ќе го убие Нетанјаху
