Коронавирусот го чини глобалниот туризам 460 милијарди долари
Корона – кризата го чини глобалниот туристички сектор 460 милијарди долари приходи во првите шест месеци од 2020 година, како резултат на намалувањето на бројот на патници, соопштија Обединетите нации.
Изгубените приходи меѓу јануари и јуни изнесуваат „се околу пет пати поголеми отколку загубите на приходите од меѓународниот туризам пријавени во 2009 година во услови на светска економска и финансиска криза“, се вели во соопштението на Светската туристичка организација со седиште во Мадрид.
Меѓународните туристички патувања се намалија за 440 милиони во текот на периодот, или 65 отсто, при што Азија, првиот регион што го почувствува влијанието на Ковид-19, забележа најголем пад.
„Ова е невидено намалување поради затворањето на границите на земјите ширум светот како одговор на пандемијата“, велат од туристичката организација.
Иако туризмот полека се враќа на некои дестинации, телото на ООН предупреди дека „намалената побарувачка за патувања и довербата на потрошувачите“ ќе продолжат да му штетат на секторот во остатокот од годината.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Ангелова победи на изборите за ректор на УКИМ - поените од институтите пресудија во трката
-

14 лица повикани во полиција за монструозното меѓуврсничко насилство во Ѓорче
-

Вонредни контроли на ДСЗИ поврзани со илегалните ботокси и филери
-

Сали: Интензивно работиме на реформите
-

ИПАРД средствата повторно се достапни за земјоделците, Брисел потврди дека нема пропусти
-

Се избира ректор на УКИМ
-

Жртвите во „Пулс“ починале од труење со јаглерод моноксид
