Коронавирусот влезе во најголемото штипско комунално претпријатие
Во штипското комунално претпријатие „Исар“ петмина вработени се позитивни на коронавирусот, а седум нивни колеги се во изолација, соопштија денеска директорот на ЈП „Исар“, Живко Тасев и градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов.
Засега проблеми во работењето на најголемото претпријатие во источниот регион нема поради ширењето на вирусот. Мерките за ротација на вработените, кои работат во канцеларии се применува подолг временски период.
Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов вели дека Општинскиот кризен шатб ќе достави и апел до сите транспортни фирми и стопански субјекти во Штип да се почитуваат протоколите при превоз на работниците во автобусите, со цел да не се случи минатогодишното ширење на вирусот, кое почна во неколку конфекции, но се рашири при превозот на текстилните работнички и во други конфекции.
Општинските инспектори и сообраќајната полиција ќе бидат на терен, иако според Николов превозниците ги почитувале мерките. Побара поголема одговорност од граѓаните, да не се групираат, но и да ги почитуваат сите здравствени мерки.
Ново на Сител
-
Наместо 5.000 денари, пензионерите во септември ќе добијат 2.500, а останатите во март
-
Борисов со нови закани, Мицкоски вели дека изјавите му се застарени
-
Синдикатот на полицијата со кривична против Оливер Спасовски
-
Преглед на вестите од светот
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари