Кос: ЕУ би можела да одбие Србија да има пристап до средства од пакетот од 1,6 милијарди евра

Европската Унија би можела да одбие Србија да има пристап до средствата од пакетот од 1,6 милијарди евра заеми и грантови, откако Белград усвои закони што „ја поткопуваат довербата“ во неговата посветеност на владеењето на правото, изјави комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, пренесоа српски медиуми.
„Тие измени ја еродираат довербата. Се потешко е за оние во Брисел кои се подготвени да продолжат со Србија да го изнесат својот став“, рече Марта Кос .
Таа додаде дека ЕК го разгледува финансирањето за Србија во рамките на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, чија цел е хармонизирање на регионот со правилата на ЕУ и конечно воведување на земји како Србија во ЕУ.
На Србија ѝ се доделени 1,6 милијарди евра заеми и грантови во рамките на програмата.
„Тие (средства) содржат предуслови поврзани со владеењето на правото“, рече таа.
Србија започна официјални разговори за приклучување кон ЕУ во 2014 година.
Српското Министерство за правда објави дека новите закони ќе го направат судството поефикасно преку поедноставување на процесот на донесување одлуки.
По негативните реакции, Србија побара мислење од Венецијанската комисија, панел на експерти за уставно право на Советот на Европа.
„Откако ќе биде објавено тоа мислење, очекуваме тие закони да бидат соодветно ревидирани“, додаде Марта Кос чија изјава денеска ја пренесоа српските медиуми.
MИА
Ново на Сител
-

Почна судењето за серискиот убиец од Драгоманце
-

Охриѓанец проголтал дрога сакајќи да ја сокрие од полицијата
-

Генералниот секретар на Интерпол: Северна Македонија е наш важен партнер во борбата со криминалот
-

Власта се уште без одговор од опозицијата за Изборниот законик
-

Функционери од ВЛЕН задржани на границата со Албанија, се бара објаснување од Тирана
-

Нема веќе организирање подарувања без дозвола и надомест од 100 евра
-

Можно е пак да има мерки за цените на горивата
-

Државната ревизија утврди повеќе неправилности во Aгенцијата за вработување
