-->
-->
Кошаркарската селекција “3х3“ го освои злато на Младинскиот Олимписки фестивал во Бугарија
-->
Македонскиот Олимписки комитет во соработка со Македонската кошаркарска федерација и Одбојкарската федерација на Македонија, овозможи учество на младинските селекции во кошарка (момчиња) и одбојка (момчиња и девојки) до 18 години, на Олимпискиот младински фестивал кој изминатите пет дена се одржуваше во Албена, Бугарија.
Младинската олимписка екипа во состав Дамјан Ѓорѓиевски, Лука Стојановски, Благој Димитриев и Мартин Ѓорѓиев се натпреваруваше во конкуренцијата “3х3“ и го освои првото место со максимални пет победи од пет натпревари!.
Првите три победи, македонската “3х3“ селекција ги оствари во групната фаза, против екипите Тарговиште, Варна и против Шумен (сите од Бугарија) и како првопласирана во групата обезбеди пласман во полуфиналето. Со убедливи 9:4 во полуфиналето македонската селекција славеше против бугарскиот состав Дунав. Во финалето, македонските кошаркари славеа со 10:3 против Шумен (Бугарија) освојувајќи го првото место на Младинскиот олимписки фестивал насловен „Олимписки надежи“.
Во исто време, младата женска одбојкарска екипа ја победи екипата на Варна со резултат 2:1, но загуби во следниот натпревар од Русе (Бугарија) со резултат 0:2. Во полуфиналето нашите млади одбојкарки беа поразени од националниот тим на Романија (0:2), а во борба за третото место беа поразени од вториот национален тим на Бугарија со резултат 1:2 (21:18,19:21,13:15).
Младата машка одбојкарска екипа ја победи екипата на Варна со резултат 2:0, но загуби во следниот натпревар од Русе (Бугарија) со резултат 1:2. Во полуфиналето нашите млади одбојкари беа поразени од националниот тим на Романија (0:2), а во борба за третото место беа поразени од националниот тим на Бугарија со резултат 0:2
,,,Честитки за нашите млади спортисти кои го пружија своето најдобро на овие Младински олимписки игри и сигурно дека истите претставуват светла иднина на македонскиот спорт", упатија од МОК под чие покровителство овие наши спортисти настапија на игрите во Албена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Состанок на раководството на БЕСА
-

Тема на денот со Димитар Богоески, директор на Државниот Архив
-

Стабилизација и годишна инфлација под 3% очекува премиерот
-

Бислимоски поднесе оставка
-

По најавите на Касами за смена на министри, Мицкоски му врати дека тој одучува кој ќе остане во Владата
-

Во Белград приведен Саитов, кој во Капиштец прегази жена и избега од државата
-

Мицкоски: Останаа уште неколку битанги кои ќе се најдат зад решетки
-

Одбраната на Васев го негира вештачењето на словенечкиот онколог
