Кошта: ЕУ треба да биде подготвена да разговара со Русија

Европската унија треба да се подготви за можни разговори со Русија, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, пренесе ДПА.
Засега, Европската унија не треба да се меша во напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за мир во Украина, рече Кошта во интервју за мрежата на новински агенции „European Newsroom“ (enr).
-Но, доколку преговорите бидат прекинати или неуспешни, тогаш треба да бидеме подготвени да ги продолжиме напорите и да се обидеме да постигнеме праведен и траен мир во Украина – изјави Кошта.
САД ги водеа дипломатските напори за посредување меѓу Москва и Киев. Овие разговори неодамна беа прекинати бидејќи фокусот на Вашингтон се префрли на војната во Иран.
Во интервјуто, Кошта сепак повика на воздржаност.
-Засега, нашиот главен придонес е да го зголемиме економскиот притисок врз Русија и да продолжиме да ја поддржуваме Украина со сите расположливи средства – рече тој.
Зголемените цени на енергијата не ја променија стратегијата на ЕУ, рече тој, бидејќи ЕУ се стреми да стане независна од руските енергетски испораки и не преговара за цените на енергијата со Москва.
Украина се брани од руска инвазија повеќе од четири години. ЕУ го поддржува Киев, вклучително и со финансиска помош.
Унгарија во моментов блокира милијарди евра нова помош веќе одобрена за Украина. Ова е неприфатливо, рече Кошта, кој претходно беше премиер на Португалија.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Пропадна и денешниот обид за Изборниот законик
-

Марта Кос утре во Скопје на средба со премиерот Мицкоски
-

Поротниците од скопски Кривичен суд од денеска на мирен протест
-

Статистика измери инфлација од 3,4% во јуни, Пазарна констатира зголемени профитни маржи кај трговците
-

Жестока дебата во Собранието за пензиите
-

“Клексан” и три други антикоагуланти од 1 јули се на позитивната листа и достапни во аптеките
