Косово бара поддршка од САД за зачленување во НАТО
Претседателката на Косово, Вјоса Османи побара од претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден да ја поддржи нејзината земја во напорите за зачленување во Северноатлантската алијанса, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во писмото упатено до Бајден, кое денеска го објавија косовските медиуми, Османи нагласува дека „новите околности создадени од руската агресија врз Украина ја наметнуваат итноста од зачленување на Косово во НАТО и во други меѓународни организации“.
– Евроатлантската интеграција отсекогаш била наша цел, но денес – во контекст на случувањата без преседан во европскиот континент – тоа е наш главен приоритет за националната сигурност. Европа ги преживува најтемните и најризичните времиња од завршетокот на Студената војна. Со оглед дека ја споделуваме истата цел за одбрана и промоција на глобалната безбедност, приемот на Косово во НАТО е неопходност, се вели во писмото на Османи до американскиот претседател.
Напоменувајќи дека „Косово е нај проамериканската и нај про-НАТО држава во светот“ и дека ги воведе кон Русија истите санкции како и САД и Западот, косовската претседателка порачува дека нејзината земја „заслужува и треба да биде дел од евроатлантското семејство“.
– Како претседателка на Република Косово, знам дека политиката на Националната безбедност на САД е сконцентрирана на една Европа која е слободна, целосна и во мир и дека целосната интеграција на Западен Балкан е дел од цврстите трансатлантски односи. Имајќи го тоа предвид, изразуваме верба и очекување дека САД ќе го искористат своето лидерство и влијание за да го поддржат и унапредат комплесниот процес на прием на Косово во НАТО, поаѓајќи од програмата Партнерство за мир и целосниот прием во Јадранската повелба, му пишува Османи на Бајден.
Ново на Сител
-
Кај 54 - годишник во Кисела Вода пронајдена прашкаста материја
-
„Ќе дојдам сабајле, како камион да ме згазил“, на денот на грабнувањето Палчо тврдел дека е настинат
-
Титаниум – Нов инстант лоз со возила на Државна лотарија
-
Еурофарм Пелистер очекува уште една победа против ракометарите на Фредериција
-
Трамп го номинира познатиот др.Оз да ја раководи сојузната агенција Медикер и Медикејд
-
Приведено лице на Табановце, ВИН бројот на возилото не бил ист со оној во сообраќајната
-
Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија
-
Амбасадата на САД во Киев затворена поради потенцијален воздушен напад врз градот