Косово/Ковид-19: Нови четворица заразени и 22 излекувани, активни 426 случаи
Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави синоќа дека во текот на вчерашниот ден во земјата се извршени тестирања на 254 лица кои биле во контакт со заболени од Ковид-19, при што четворица од нив резултирале позитивни на новиот коронавирус.
Вкупната бројка на заразени од појавата на пандемијата во Косово, вклучително вчерашните четири случаи, достигна до 855, со вкупно 26 смртни случаи, од кои последниот е забележан во неделата во Зубин Поток, во северно Косово.
Од новозаболените, двајца се од Митровица и по еден од Ораховац и Призрен.
Во понеделникот продолжи трендот на пораст на бројот на лица кои се излекувани од заразата. Во целата држава, согласно пропишаните методи на Светската здравствена организација, вчера се потврдени 22 случаи на излекувани, со што официјалната бојка на лицата кои ја победија болеста се искачи на 403.
Според овие официјални податоци, во Косово моментално се активни 426 активни случаи на заразени од новиот вирус.
Бројот на извршени тестирања во Лабораторија за молекуларна микробиологија на ИШПК, вклучително вчерашните 254, изнесува 8.541.
Ново на Сител
-
Крешник Бектеши се уште е на разговор во полициска станица Карпош
-
Најголем број од повредените од Кочани се во скопските клиники
-
Во тек се рочишта за пожарот во дискотеката во Кочани, се уште тече истрагата на ЈО
-
Се уште нема нови информации од информативниот разговор со Крешник Бектеши
-
Заклучена врата за излез во случај на опасност, слаба заштита и незаконски огномет - низа пропусти во клубот во Кочани
-
Пациенти од Штип и Кочани се пренесуваат на скопските клиники
-
Повеќе од 4 часа трае информативниот разговор со Крешник Бектеши
-
Повредените хоспитализирани во Скопје и земјите од регионот