Косовската опозиција нема да учествува во изработка на статутот на ЗСО
Претставниците на косовската опозиција категорично се противат на воспоставувањето на Заедницата на српски општини во Косово, поради што немаат намера да учествуваат ни во изработката на нејзиниот статут, објави денеска приштинскиот весник „Зери“.
Коментирајќи ја најавата на косовскиот претседател Хашим Тачи за формирање на комисија која треба да го изработи нацрт-статут на ЗСО, портпаролот на опозициското движење Самоопределување, Фрашер Красниќи рече дека нема поента да се формира каква било комисија бидејќи нема потреба од постоење на Заедница на српски општини.
Опозициските партии, Алијанса за иднината на Косово (ААК) и Иницијатива за Косово исто така соопштија дека не сакаат да учествуваат во каков било „процес кој штети на интегритетот и суверенитетот на Косово“.
Формирањето на ЗСО е предвидено со Бриселскиот договор на Белград и Приштина.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра