Косовски Србин осуден за воени злосторства

Суд во Косовска Митровица го осуди на шест години и шест месеци затвор Зоран Вукотиќ, под обвинение за извршени воени злосторства во 1999 година, јави дописникот на МИА од Приштина.
Одлуката претпладнево во митровичкиот Суд ја објави Судски совет на Мисијата на ЕУЛЕКС.
Вукотиќ е прогласен за виновен по три точки од обвинението, кои го товарат за тортура врз затворениците во затворот во Смреконица во 1999 година. Истовремено тој е ослободен од обвинението дека учествувал во злосторства во селата Горно и Долно Студиме крај Вучитрн.
Според обвинението подигнато од Специјалното обвинителство на Косово, Вукотиќ меѓу 2 и 3 мај 1999, во својство на припадник на резервниот состав на српската полиција, учествувал во напад врз цивилно албанско население кое патувало во колона од двете споменати села.
Тој исто така е обвинет дека во јуни 1999, како резервист во полициската станица во Вучитрн и како затворски чувар, во соработка со други членови на српските сили, учествувал во незаконско притворање на голем број цивили Албанци, при што тие биле изложени на нечовечен третман, големи страдања, тортури и претепувања, за кои Вукотиќ сноси лична одговорност.
Пред неколку дена во истиот Суд беше изречена ослободителна пресуда за Вукотиќ, по обвинението за убиство на четворица Албанци во Вучитрн.
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
