Косовскиот Парламент утре избира нов претседател
Претседателот на косовскиот Парламент, Кадри Весели за утре во 11 часот закажа собраниска седица за избор на нов претседател на Косово.
Како што јави дописникот на МИА, кандидати за нов шеф на државата се лидерот на Демократската партија на Косово (ПДК) и актуелен вицепремиер и шеф на косовкската дипломатија, Хашим Тачи и неговиот сопартиец, пратеникот Рафет Рама.
Согласно ланскиот договор на двата владини коалициски партнери, ПДК и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), кандидатот за претседател тред да го даде партијата на Тачи.
Најавувајќи ја седницата, Весели ја повика опозицијата да учествува на изборот на претседател.
Но, од друга страна пратеникот и поранешен лидер на движењето „Самоопределување“, Албин Курти повика на протести и „народот да излезе на плоштадот“ за да го спречат изборот на Тачи за претседател.
Крајниот рок за избор на претседател, според уставот на Косово, е 7 март. Според член 86 од Уставот, за да биде избран за претседател, кандидатот треба да добие поддршка од најмалку две третитни од пратениците, односно 80 од 120-те членови на Парламентот.
Доколку, во првиот и вториот круг, ниту еден од кандидатите не добие две третини од гласовите, се одржува трет круг во кој учествуваат двајца кандидати кои добиле најмногу гласови во претходните гласања. За избор во овој криг се потребни најмалку 61 глас.
Во случај ниту еден од кандидатите да не го добие потребениот број гласови, Парламентот се распушта и се распишуваат нови избори, кои треба да се одржат во рок од 45 дена.
Ново на Сител
-
25-годишен скопјанец со „мерцедес“ удрил во канделабра
-
Малолетници од Гостивар во бессознание завршиле на болница - пиеле алкохол во дискотека
-
Народот на Гренланд сака да биде дел од САД, изјави Трамп
-
Израел го обвинува Хамас за две прекршувања на примирјето
-
Намалена видливост поради магла во Демир Капија, Петровец-Велес, Битола и Прилеп
-
18-годишник од Трубарево приведен за кражба на делови од комбајн
-
Прегазен пешак во Гостивар
-
Пронајден пиштол „Црвена Застава" при претрес на домот на 46-годишник