Косовските Срби го условуваат изборот на Тачи за претседател

Изборот на лидерот на Демократската партија на Косово (ПДК) и актуелен вицепремиер и шеф на дипломатијата, Хашим Тачи за нив косовски претседател се искомплицира, откако коалицијата Српска листа ја услови својата поддршка на изборот со исполнување на пет нејзини барања, јави дописникот на МИА.
Како што објави електронското издание на приштинскиот весник „Експрес“, коалицијата на косовските Срби најави дека доколку не бидат прифатени нејизните барање, пратениците на Српската листа нема да присуствуваат на собраниската седница за избор на претседател, што ќе значи и оневозможување на самото гласање.
Според весникот, петте барања на Српската листа се поврзани со исполнување на договорите постигнати во Брисел за време на разговорите меѓу Приштина и Белград.
- Не се знае дали е технички можно исполнување на овие барања во текот на денов. Но, можеби овие барања и не се толку значајни, туку овој чекор на Српската листа е само со цел да се долее бензин врз и онака зовриената состојба во земјата, наведува весникот.
Весникот додава дека синоќа претставниците на Српската листа имале нколку средби во Косовска Митровица, на кои се зборувало околу денешната седница на Парламентот и изборот на Тачи за претседател.
Ново на Сител
-

Две трки денеска во Скопје – изменет сообраќај на повеќе локации
-

Римокатолиците го слават Велигден
-

Сончево и топло до 22 степена
-

Две лица приведени и запленети 65 килограми марихуана кај Градско
-

Зголемена дневна фрекфренција од албански граѓани на ГП „Ќафасан" за набавка на нафта и храна во Македонија
-

Клековски: Законот за забрана на пушењето ќе биде најпрогресивен, но ќе треба масовна поддршка за да се спроведе
-

АВМУ: Партиите да не етикетираат новинари, а медиумите да ги почитуваат новинарските стандарди
-

Приведени 15 возачи за безобѕирно возење
