Косовското Собрание не ја изгласа резолуцијата на опозицијата за визна либерализација
Резолуцијата на косовските опозициски партии, со која се бара одговорност од Владата на Рамуш Харадинај за неуспехот да обезбеди визна либералзиација, денеска не беше изгласана од пратениците во Собранието на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во собраниската сала беа присутни 70 пратеници, гласаа 42, од кои гласот „за“ резолуцијата го дадоа 40 пратеници, што не беше доволно таа да се усвои. Еден пратеник беше „против“ и еден „воздржан“.
Претходно шефот на пратеничката група на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Авдулах Хоти информира дека на вчерашниот состанок со шефовите на пратеничките групи не се постигнала согласност околу предлогот на опозицијата.
Резолуцијата, поднесена од пратеничките групи на ЛДК и Движењето Самоопределување (ВВ), предвидуваше оставка на Владата и распуштање на Парламентот, со што ќе се отвореше патот за нови избори и создавање нови институции.
Ново на Сител
-
Советот на јавни обвинители ќе ја разгледува иницијативата за разрешување на Коцевски откако ќе ја добие
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски со месеци ги штити поранешните функционери на СДСМ
-
Не помина предлогот на Левица за ограничување на патните трошоци за пратениците
-
Дали членовите на Судски совет ќе си поднесат оставка ако им биде изгласана недоверба?
-
Измените на Кривичниот законик пред Уставен
-
Општините повторно може да аплицираат за пари од државата за инфраструктурни проекти
-
За поголема безбедност во сообраќајот, Штип го имплементира проектот “Save city”
-
Тренд на интелектуална миграција