Костадинов: 2018 беше година на повисоки плати и нови работни места, позитивните економски трендови продолжуваат и во 2019 година
Годината зад нас беше година на раст на платите, намалување на невработеноста, економски раст и развој, повеќе пари кај граѓаните.
Се отвори спиралата на раст на платите и можностите за подобрување на животниот стандард. Просечната плата во октомври 2018 изнесува 24.817 денари, што е за 6,3 отсто повеќе отколку за истиот месец во 2017 година.
Порасна и минималната плата од 9 на 12.000 и истата важи за сите стопански гранки. 90.000 граѓани, 90 илјади семејства денес добиваат поголема минимална плата и имаат олеснет живот.
Работниците кои добиваа најниски плати, во кожарската, текстилната и чевларската индустрија сега добија поголеми плати за 30 отсто. Вработените во болниците, училиштата и градинките добија 5 отсто поголеми плати.
Планот за економски раст, реалните економски политики, активни мерки за вработување даваат резултат.
Оваа година, отворени се над 14.000 нови работни места за нашите сограѓани. Невработеноста опаѓа и сега изнесува 20.8 отсто.
Парите за активни мерки за вработување сега се безмалку една милијарда денари што е за 654 милиони денари повеќе отколку во 2016 година.
Ваквите позитивни трендови на економијата ќе придонесат следната година да биде година на економијата. Се повеќе пари ќе завршуваат назад кај граѓаните, кај работниците, во секое семејство.
Платите ќе продолжат да растат во сите сектори, а невработеноста ќе продолжи да се намалува.
Во следната година повисоки плати од 5 отсто ќе добиваат вработените во образованието, здравството, градинките, социјалните служби, одбраната, судството, полицијата…докторите специјалисти ќе добиваат 10 отсто повисоки плати.
Средствата за активни мерки за вработувања во Буџетот за 2019 се на рекордни 1,1 милијарда денари. Тоа ќе придонесе невработеноста да се намали на под 20 проценти.
Како одговорна партија, продолжуваме да работиме на спроведување на мерките што обезбедуваат напредок, економски раст и повисок животен стандард за сите граѓани.
Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ
Ново на Сител
-
Перински ги почна консултациите за измените на законот за локална самоуправа
-
Штипски „Исар“ ќе ги намалува загубите на вода со инсталација на СКАДА системот
-
5 жртви на подрачјето на СВР Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
75 години Танец
-
Средби и стратегија за пласман пред, а не за време на сезоната бараат земјоделците
-
Водата во Скопје по санацијата е безбедна за користење покажаа испитувањата