Костовски: По кои услови Ѓорѓи Георгиевски е избран за директор на Бирото за јавни набавки

Драги Рашковски е поим за непотизам. Рашковски преку владата на СДС им дели државни функции на членовите на неговото потесно семејство, претворајќи ја државата во приватна фирма на семејството Рашковски.
Рашковски за директор на Бирото за јавни набавки, го назначи својот кумашин, Ѓорѓи Георгиевски, од Кочани, што покажува дека непотизмот во владата на СДС е начин на работа, а не исклучок.
Јавно го повикуваме Драги Рашковски да им одговори на граѓаните, по кои услови е избран Ѓорги Георгиевски за директор на Бирото за јавни набавки?
Дали тој бил најспособниот кадар? И кој го извршил неговиот избор? И дали негова единствена предност е тоа што е кумашин на Драги Рашковски?
Граѓаните се во неверување од дрскиот непотизам манифестиран од страна на Рашковски. Ова е втор случај, како Рашковски си поставува свој близок, за раководител на државна институција. Рашковски пред само два дена за претседател на второ степената владина комисија за жалби ја назначи, Елена Начевска, мајка на неговата сопруга Вероника Начевска.
Драги Рашковски и СДС се однесуваат како државата да е нивна приватна сопственост, а институциите нивни приватни фирми.
Ова е скандалозно однесување на Рашковски и владата на СДС, и за ваквиот однос на СДС кон државните институции ќе се сносат со политичка одговорност на претстојните локални избори.
Лицемерието е главна одлика на СДС. СДС во текот на изборниот период ветуваше отвореност на институциите за сите граѓани и професионализам во нивното водење, за сега да гледаме дека раководител во државна институции во владата на СДС се станува само доколку си близок роднина со некој од врхушката на власт.
Граѓаните гледаат дека Рашковски и Заев под своја контрола ја ставаат целата држава. Граѓаните гледаат како Рашковски и Заев целосно ги уништуваат институциите, кои покажуваат дека немаат намера да работат за доброто на граѓаните, туку за својот личен комодитет и интересот на нивните фамилијарни-бизнис кланови.
Граѓаните го гледаат овој бандитизам во управувањето со државата и ќе му стават крај на ваквиот бандитизам на СДС на 15-ти октомври, кога ќе кажат НЕ, за бандитизмот, непотизмот и неодговорноста.
Ново на Сител
-

Ново големо невреме од Црна Гора се движи кон Македонија
-

20-тина повредени по силното невреме во Скопје, надлежните ги санираат штетите
-

Герасимовски: Сите служби на Општина Центар максимално мобилизирани по силното невреме, отворени телефонски линии
-

Огромна материјална штета во ГОБ „8 Септември“ од невремето во Скопје
-

Шест повредени во невремето во Скопје примени во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски”
-

Над 1000 повици од граѓани во ЦУК по невремето во Скопје
-

Невремето го откорна кровот на ООУ Наум Наумовски Борче, активиран Кризниот штаб на Гази Баба
-

Тошковски: Општината е должна да соработува во целиот процес во Гостивар
