Костовски: СЈО е алатка за политички притисок врз ВМРО-ДПМНЕ
Сите случаи кои ги отвори СЈО беа со цел пресметка со ВМРО-ДПМНЕ и неговото раководство и креирање негативна слика за партијата во очите на јавноста, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата истакнуваат и дека СЈО имало за цел амнестирање од одговорност на Зоран Заев и Зоран Верушевски за сторените криминали.
- СЈО со повлекувањето на обвинението за случајот „Пуч“ каде главни обвинети беа Заев и Верушевски на дело ја покажа својата пристрасност и непрофесионалност, потврдувајќи дека се работи за политички инквизиторен орган кој нема за цел докажување на вистината и откривање на криминалот, туку монтирање и конструирање политички хајки против ВМРО-ДПМНЕ, изјави Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаде дека повлекувањето на предметот „Пуч“ и откажувањето од кривичен прогон СЈО се ставило себе си над законот и над Уставот на Република Македонија.
Во овој предмет, рече, имало признание за вина од страна на Ѕвонко Костовски кој го признал кривичното дело и објаснил како незаконски следеле комуникации со опремата на ДБК и потоа како групата на Верушевски истите ги изнесувала. Според него, СЈО го барало предметот „Пуч“ од ОЈО, единствено за да ги ослободи од гонење Заев и Верушевски, кои се инспиратори на сите случаи кои СЈО ги покрена.
- СЈО, но и сите други субјекти во државата треба да знаат дека Република Македонија е демократска држава, со јасно дефинирани принципи на владеење на правото и секој еден кој ги прекрши законите ќе одговара, пред органите на оваа држава во многу брз временски период, рече Костовски.
Ново на Сител
-
Министрите за интерпелациите: Уште еден обид на ДУИ за дестабилизација
-
Таравари: Нема лекарска грешка за смртта на седуммесечното бебе на детската клиника
-
Шуто Оризари „се дави“ во ѓубре, од Комунална хигиена велат редовно го собираме
-
Во Скопје и уште неколку поголеми градови во Македонија и денеска тешко се дише
-
Преглед на вестите од светот
-
Таравари: Специјализантите ќе добијат пристап во Мој термин
-
Поставен камен темелникот за изградба на резервоар Пребег во Штип, инвестиција од 40 милиони денари
-
Дел од моштите на Свети Стефан изложени во католичката црква „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица