Ковачевски: Има доволно струја за домаќинствата, цената останува иста
Производството на електрична енергија за домаќинствата е стабилно, а цената на струјата за домаќинствата нема да се менува. Акционерското друштво „Електрани на Северна Македонија“ го засили ископот на јаглен во РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“, заради стабилно производство на електрична енергија за домаќинствата и го оптимизира производството во хидроелектраните, гасната и ветерната електрана, изјави директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.
Ковачевски најави склучување на договор за набавка на јаглен за РЕК „Осломеј“ за негова континуирана работа од декември до април 2022 година. Додека за РЕК „Битола“, тој информираше дека повторно е распишан повик, со цел да се добие поголемо количество на јаглен, со поволна цена која ќе има економска оправданост.
– Истовремено, се прават координации со ТЕЦ „Неготино“ за започнување со работа на оваа термоелектрана и доколку се обезбеди мазут, истата ќе се стави во функција, вели Ковачевски, додавајќи дека електрична енергија за домаќинствата има доволно и дека цената останува иста.
Тој појасни дека поради високите цени на берзите во регионот и во Европа, набавката на јаглен ја спроведуваат по препорака на Владата, во соработка со Стопанската комора, на отворен пазар. Набавката е наменета за стопанството и институциите, со цел тие да се снабдат со електрична енергија по пониски цени од моменталните.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка