Ковачевски: Инвестираме во инфраструктура - 70 милиони евра за локални патишта
Премиерот Димитар Ковачевски се обрати на настан по повод презентација на „Проектот за поврзување на локалните патишта" и кажа дека преку овој проект, со 70 милиони евра обезбедуваме подобра инфраструктура и ги реконструираме локалните улици и патишта во сите 80 општини низ државата и Град Скопје.
„Ова е најкрупниот и најзначајниот проект за општините, каде со директна помош се подобрува инфраструктурата на локално ниво. Проектот се реализира од 2020 година и до сега се опфатени над 90 улици во 44 општини. Согласно планот, вкупно за реконструкција се планирани околу 450 километри локални улици и патишта во сите 80 општини, до 2024 година. Еден од стратешките приоритети на Владата е развој на функционална, безбедна и одржлива инфраструктура како клучен фактор за создавање рамнотежа во економијата и во општествениот и регионален развој, заштита на животната средина и подобрување на конкурентноста во државата. Развиена локална инфраструктура, значи и развиена економија. Со овој проект обезбедуваме подобра инфраструктура во општините, го олеснуваме животот на граѓаните, го подобруваме урбаното живеење, обезбедуваме локален економски развој, безбедност во сообраќајот и подобра комуникација меѓу граѓаните. Општините добиваат неповратни средства што е од огромна корист за нив да се реконструираат улици и патишта кои се приоритетни за граѓаните“, рече Ковачевски.
Во своето обраќање премиерот Ковачевски истакна дека само преку пет поголеми проекти, меѓу кои и „Проектот за поврзување на локалните патишта“, инвестирани се над 250 милиони евра во општините.
Ново на Сител
-

Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради најавениот меморијал на хероите во Киев
-

Мисајловски: Со развој на воена индустрија, дел од парите што ги одвојуваме за одбрана би можеле да останат во македонски компании
-

Ставен под контрола пожарот на Жеден
-

Трамп: Иран доживува целосен колапс
-

Вчера констатирани 140 прекршоци, осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли
-

Во одредени делови од земјата појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи
-

Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден
-

Клековски: Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Клиниката 21 пациент
