Ковачевски – Марин: Меѓусебната силна поддршка со Финска ги јакне соработката и европската иднина
Премиерот Димитар Ковачевски денеска одржа тет-а-тет средба со неговата финска колешка Сана Марин, која е во работна посета на земјава. Во фокусот на средбата, како што информира владината Прес-служба, биле поддршката што Финска ја добива во процесот за пристапување во НАТО, како и силното застапување на Хелсинки за проширувањето на ЕУ со отпочнување на преговорите за Северна Македонија за членство во Унијата.

Премиерот Ковачевски за време на разговорот со Марин истакна дека членството на Финска во НАТО значително ќе ја зголеми безбедноста во Евроатлантскиот регион, особено регионот на Високиот Север и Балтикот.
– Премиерите Ковачевски и Марин споделија согласност дека од посебна важност за Европа е итниот почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, без дополнителни условувања што Финска силно го препорачува како признание за нашата земја којашто ги исполни сите критериуми за организирање на првата меѓувладина конференција за отворање на поглавјата за членство, се вели во соопштението.

Двајцата премиери на средбата изразиле подготвеност да ги поддржат сите потенцијали за унапредување на економската соработка и соработката во сферите на образованието и дигитализацијата.

По тет-а-тет средбата, како што соопштија од прес-службата, делегациите одржаа и билатерална средба на која од наша страна учествуваа заменик-претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ и министрите за надворешни работи и за одбрана Бујар Османи и Славјанка Петровска.
Ново на Сител
-

Војната во Иран може да предизвика прехранбена криза и нови бегалски бранови
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив без дозвола возел возило кое претходно го украл
-

Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими
-

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите
-

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
