Ковачевски: На граѓаните им требаат автопати, а не блокади на Собранието
На граѓаните не им требаат блокади во Собранието, туку коридори и модерни автопати, порача денеска лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски.
Тој уште една порача дека нема да се дозволи кочење на законските решенија за „Бехтел и Енка“ во Собранието каде, како што кажа, две години има само блокади.
-Со оглед на тоа дека првпат коридорот 8 е ставен на мапата на трансевропските коридори, а досега беше само коридорот 10, заради побрзо и поефикасно градење на автопатите за што веќе почнаа геомеханичките истражувања и означивме старт, тие закони ќе бидат донесени и ќе се овозможи брза, ефикасна и поевтина градба, рече Ковачевски во одговор на прашање пред почетокот на првата од серијалот тематски трибини на СДСМ „Разултати што прават разлика“ на тема „Енергетска безбедност и зелена транзиција“.

Тоа, додаде, е нешто што сите го бараме.
-Во текот на изминатите декади тоа го бараше и бизнис заедницата. Сигурен сум дека пратениците тоа ќе го направат низ една демократска процедура, посочи Ковачевски.
Во однос на тоа како претседателот Стево Пендаровски ќе ги оцени овие законски решенија, рече дека станува збор за правник, професор по право кој има исклучително искусни правници во неговиот кабинет.
-Низ анализа на законите кои се поднесени тој на крајот ќе го даде својот финален збор, рече Ковачевски.
За употребата на европското знаменце за законските решенија за „Бехтел и Енка“ истакна дека има секојдневна комуникација со Делегацијата на ЕУ, но и со Американската амбасада во Скопје.
-Имам комуникација не само со Делегацијата на Европската Унија, туку и дневна комуникација со Американската амбасада што вчера и го потврди високиот претставник на Стејт Департментот Габриел Ескобар, потенцира Ковачевски.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Многу скоро ќе се излезе со информација за тоа што се случило во Гостивар и ќе има одговорност
-

Приведен возач во тетовско, возел без возачка дозвола и предизвикал сообраќајна несреќа
-

Николоски: Реконструкцијата на Охридскиот аеродром се одвива според утврдената динамика, ќе биде готов до крајот на летото
-

И Здравје и работа: Време е Македонија да избере развој заснован на знаење и да се реализира проектот за рудникот „Иловица – Штука“
-

Клековски во Гостивар: Се бара причината за зголемениот број на пациенти во Гостивар
-

САД и Ирак потпишаа 48 договори, главно во енергетскиот сектор
-

Илјадници луѓе без вода за пиење во Иран по американските напади
-

Инфантино: Светско првенство 2026 е најдобро во историјата
