Ковачевски: На средба во Собранието во декември ќе се дефинираат сите детали за одржувањето на изборите
Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека во мај идната година има доволно простор да се организираат редовни претседателски и парламентарни избори. Информира дека на средба во Собранието во текот на декември ќе се дефинираат сите детали во однос на одржувањето на изборите.
Во однос на техничката влада, Ковачевски во одговор на новинарско прашање, рече дека таа е законска обврска, така што, кажа, 100 дена пред одржување на изборите согласно Законот за влада којшто е важечки во државата има техничка влада и исто така и тој закон се носи со консензус помеѓу политичките партии во Собранието.
- Во однос на финалните одлуки што ќе треба да бидат донесени во врска со одржувањето на изборите, се работи за две одлуки. Едната е прво промена на Изборниот законик преку внесување на сите забелешки од ОБСЕ/ОДИХР, на тоа работи работна група. Во почетокот беше работна група во која што учествуваа експерти и претставници на политички партии во Собранието, меѓутоа сега се вклучени и политички партии од власта доминантно, меѓутоа и опозициските партии. Мислам дека за многу краток период ќе имаме изборен законик што ги вклучува сите одредби од забелешките на ОБСЕ/ОДИХР и што ќе овозможи продолжување на одржување на демократски избори во државата какви што ги имавме во изминатите циклуси, а за разлика од оној 11-годишен период кога изборите беа окарактеризирани како недемократски, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата Вабтек МЗТ АД Скопје.
Информира дека во текот на декември ќе се одржи средба во Собранието, на која ќе бидат дефинирани сите детали во однос на одржувањето на изборите.
-Така како што се правело во минатото ќе биде направено и сега и идната година Северна Македонија ќе оди на избори така како што е пропишано и со закон и со Устав, истакна Ковачевски.
Во однос на тоа дали ќе имаат заеднички листи со ДУИ, рече дека тоа е нешто што е одлука на политичките партии и е предмет на коалициски договори, така што во моментов, додаде, за такво нешто не можеме со сигурност да зборуваме.
Ново на Сител
-
Околу 18.000 Сиријци се вратија дома по падот на Асад
-
Сиљановска Давкова: Треба да ги тераме ЕУ реформите, Европајнин се станува со почитување на правото
-
Тошковски: Прашањето не е дали, туку кога Груби ќе се најде пред лицето на правдата во нашата држава
-
Димитровска: Нема судир на интереси во случајот со членот на ДКСК и директорот на АНБ
-
АМСМ: Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
Скопјанка измамена за 45.000 денари - ја излажале дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајка
-
Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан
-
Бегајќи од полицијата, предизвикал две сообраќајки - лишен од слобода млад скопјанец