Ковачевски: Нема усогласено заедничко решение кое може да биде основа за договор со Бугарија
На 22 мај нема да има заедничка владина конференција со Бугарија од причина што агендите не го дозволуваат тоа. Во моментов, министерствата за надворешни работи разменуваат идеи, но нема усогласено заедничко решение кое може да биде основа за меѓусебен договор, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.
Решение со Бугарија, според Ковачевски, е можно единствено ако тоа се заснова на европски вредности, на принципи на задржување на достоинството на граѓаните на двете држави и на меѓусебна почит меѓу политичарите, институциите и граѓаните.
– Се додека нема такво решение кое што ќе се базира на овие вредности, нема да има решение. Во моментов, како и во претходниот период, министерствата за надворешни работи разменуваат идеи меѓу себе, меѓутоа нема изгласано заедничко решение кое што може да биде основа за меѓусебен договор и за споделување со институциите во едната или во другата држава, изјави Ковачевски, додавајќи дека разговорите продолжуваат.
Прашан за чествувањата што се организираат по повод 24 мај, Ковачевски рече дека тој ќе ја предводи македонската делегација во Рим.
– На 24-ти, ние ќе имаме наша делегација во Рим, којашто ќе биде составена од министри, а во неа ќе биде и ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје. Јас ќе ја предводам таа делегација и таа ќе биде македонска делегација во Рим, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Прилеп.
Ново на Сител
-

Инцидент во Аеродром: Пресметка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички, еден повреден
-

САД ја предупреди Москва за голем терористички напад - затворен познат музејски комплекс
-

Почина легендарниот пејач Мишо Ковач
-

Ѓорѓиевски: Бесплатен разглед на Матка и Врело - светот слушна за нашето богатство, време е сите да го доживееме
-

Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
-

Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
-

Куче без надзор и маска каснало жена во Кратово, сопственичката доби кривична пријава
-

Тројца вооружени разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
