Ковачевски: Опозицијата да не биде сидро на деструкција, заедно со власта да работи на реформите
Премиерот Димитар Ковачевски вечерва ја повика опозицијата на обединување. Не смееме повеќе да си дозволиме, рече, позицијата да работи забрзано кон ЕУ, а опозицијата да биде сидро на деструкција и спротивен правец.
Како што истакна Ковачевски, опозицијата им должи на граѓаните да ги одблокира и да ги сработи заедно со власта реформите кои ќе ги забрзаат реформите со ЕУ за земјава побрзо да стане полноправна членка.
-Уште еднаш ја повикувам опозицијата во Собранието да се обединиме заради иднината на државата. Тоа се однесува на преговорите со ЕУ, но и на уставните измени кои не очекуваат веднаш штом завршиме со процесот на скринингот. За жал, се однесува и на сегашното однесување на опозицијата. Ние не смееме повеќе да си дозволиме извештај на ЕК да нотира дека опозиција блокира европски реформи во Собранието. Не смееме повеќе да си дозволиме позицијата да работи забрзано кон ЕУ, а опозицијата да биде сидро на деструкција и спротивен правец. Опозицијата им должи на граѓаните да ги одблокира и да ги сработи заедно со нас реформите кои ќе ни ги забрзаат реформите со ЕУ за побрзо да станеме полноправна членка. Навистина би било страшно доколку се блокира патот кон ЕУ поради политички игри. Искрено се надевам дека ќе сме обединети за иднината на нашата земја и за иднината на нашите граѓани, истакна Ковачевски во обраќањето на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

МВР: Запленети над 40 тони дрога – акцијата продолжува
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заплена во фирмите на кадри од СДС
-

ВМРО-ДПМНЕ со кадровска реконструкција - СДСМ обвинува за концентрација на моќ
-

Влезовите на Собранието ќе бидат блокирани во вторник – ССМ почнува со најавените протести
-

Се продаде прилепски „Еурокомпозит“
-

Шуга кај двајца војници во велешка касарна – надлежните будно ја следат состојбата
-

Голем град, но малку специјалисти за пациентите – во велешката болница фалат офталмолози и физијатри
