-->
-->
Ковачевски: Отворени се вратите за сите партии кои се за Европска Македонија
-->
Отворени се вратите за сите партии кои што се за концептот за европска Македонија, се разбира дека кога зборуваме за Алијанса за Албанците треба да зборуваме дека таа соработка може односно треба да се направи врз основа на програмски политики и кадровски, за коишто се уште нема комплетни разговори, рече денеска претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, во одговор на новинарско прашање
„Во државата има два концепти, првиот концепт е за европска Македонија, односно продолжување на патот на преговори и зачленување на државата во ЕУ. Вториот концепт е концептот на Левица и на нивниот заложник ВМРО – ДПМНЕ против ЕУ и НАТО којшто го потврдија во сите гласања наназад во 31 година. Бидејќи нема една стратешка одлука која што ВМРО – ДПМНЕ ја поддржало, за жал. Сите политички партии кои се за концептот за Европска Македонија вратата за нив е отворена. Се разбира дека кога зборуваме за Алијанса за Албанците треба да зборуваме дека таа соработка може односно треба да се направи врз основа на програмски политики и кадровски. За такви се уште нема комплетни разговори. “ рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.
Центар за комуникации со јавноста
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Разрешен директорот на Агенцијата за разузнавање
-
Тема на денот со Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ
-
Бајдевски засега останува во трката
-
Петровска се повлече од трката за претседател на СДСМ, обвинува за нефер изборен процес
-
Прва владина седница
-
Балансерот заминува во историјата, со ова се поткопува Охридскиот договор - Реагира ДУИ
-
По Главчев и Мицотакис се жалел во Брисел дека Македонија не ги исполнува обврските
-
Преполовен бројот на Македонци во Албанија, првпат потпишани и Бугари