Ковачевски: Политичари како Костадинов не се пожелни во државава
– Премиерот Димитар Ковачевски ја осуди вчерашната изјава на бугарскиот пратеник и лидер на политичка партија „Преродба“, Костадин Костадинов кој при отворањето на Бугарскиот културен центар во Скопје даде изјава која содржи територијални претензии кон Република Северна Македонија.
– Министерството за надворешни работи веднаш реагираше, а исто така и министерката за култура тоа го осуди. Исто така и јас сакам да го осудам. Навистина непримерно е човек којшто е дојден како гостин во оваа држава да се однесува на таков начин. Вчера ние имавме чин на отворање на Бугарски културен центар така како што личи во Скопје со министер за култура дојден, со нашиот министер за култура, на ист начин како што сум кажал дека и ние ќе отвориме Македонски културен центар во Благоевград каков што имаме отворено и во Софија, рече Ковачевски при денешната посета на фабриката „Брилијант“ во Штип.
Дополни дека такви политичари воопшто не се пожелни во нашата држава.
– Такви политичари како тој вчера, има уште еден којшто мене видеа ми правеше, можам слободно да кажам дека воопшто не се пожелни во нашата држава бидејќи освен ширење на немир, освен ширење на нетрпение помеѓу граѓаните на двете држави само заради свој политички интерес, бидејќи тие немаат никаква друга политичка агенда освен да добиваат некакви ситни политички поени на провокација на чувствата на нашите граѓани, такви политичари воопшто не се пожелни лично за мене во нашата држава и воопшто не мора да доаѓаат тука, нагласи Ковачевски.
Ново на Сител
-

Зеленски ги повика европските партнери да ја забрзаат помошта за воздушна одбрана
-

САД и Македонија постигнаа Договор за реципрочна, фер и избалансирана трговија
-

Трамп вели дека непостигнувањето договор ќе биде „многу трауматично“ за Иран
-

Премиерот Мицкоски на 62. Минхенска безбедносна конференција
-

Без струја и вода делови од Скопје
-

Променливо облачно со локални врнежи од дожд
-

Кривична за четири лица од Кочани за злоупотреба на службена положба во јавна набавка од 1,4 милиони денари
-

Град Скопје го уредува кејот на Вардар и најавува изградба на нова градска плажа
