Ковачевски во Вашингтон на средби со Блинкен, Ескобар, Шоле како и со повеќе сенатори и конгресмени
Премиерот Димитар Ковачевски денеска и утре продолжува со дводневна работна посета во Вашингтон.
Во Вашингтон, како што соопшти владината прес-служба, премиерот Ковачевски е предвидено да оствари средба со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, специјалниот претставник на САД за Западен Балкан и заменик помошник државен секретар на САД, Габриел Ескобар, заменикот советник за национална безбедност на САД, Џонатан Фајнер, советникот на државниот секретар на САД, Дерек Шоле, специјалниот пратеник и координатор на Центарот за глобален ангажман на Стејт департментот на САД, Џејмс Рубин, но и со повеќе сенатори и конгресмени на САД, меѓу кои Деби Дингел, Крис Марфи, Брендан Бојл.
Ковачевски воедно, ќе оствари средба и со членовите на бордот на Атлантскиот совет (Atlantic council).
Како дел од работната посета на Вашингтон, премиерот Ковачевски ќе го посети престижниот универзитет „Џон Хопкинс” во Вашингтон каде по средбата со деканот Џејмс Стајнберг, премиерот ќе се обрати и ќе одржи предавање за предизвиците и можностите за Северна Македонија и земјите од Западниот Балкан на нивниот европски пат, имајќи ја предвид потребата за брз развој на регионот.
Согласно агендата, планирана е и средба на премиерот Ковачевски со претставници на македонската дијаспора во САД.
Ново на Сител
-
Владата го задолжи Министерството за правда да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител
-
Тема на денот со Бесар Дурмиши, министер за економија и труд
-
Владата иницира разрешување на Коцевски
-
10% маржа на 100 групи производи до крајот на април, мерката ќе биде донесена деновиве
-
Пукање во Чаир, еден убиен и двајца повредени
-
Какви мерки ќе има за цените?
-
Со инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката, ќе се обезбеди струја за 20.000 домаќинства
-
Пад на листата за перцепција на корупцијата според Транспаренси