Ковачевски за случајот „Онишченко“: Мора да има одговорност по истрагата во АНБ

ема да отстапам од барањето одговорност за направениот пропуст. Одговорот за причините ќе ги даде истрагата што треба да се спроведе во АНБ и соодветниот извештај. Штом ќе има извештај, мора да има и одговорност за тоа што е направено, изјави премиерот Димитар Ковачевски во врска со случајот „Онишченко“ за доделувањето македонско државјанство на Украинецот Олександар Онишченко, кој е на црната листа на САД.
Одговарајќи на новинарски прашања, Ковачевски истакна дека не е само непријатно изненаден, туку и „огорчен од начинот на којшто лице што е на црната листа на Соединетите Американски Држави, наш стратешки партнер, ги има добиено сите позитивни мислења за добивање државјанство на Северна Македонија“.
-Обврска на Агенцијата на национална безбедност е да спроведе сеопфатна истрага, внатре, во своите редови, во однос на тоа како е спроведена постапката и за тоа да ја информира Владата, секако на затворена седница, бидејќи се работи за сензитивни информации, рече Ковачевски по посетата на фабрики во Струга и Охрид.
Ново на Сител
-

Иран нападна цели во соседните земји
-

Најстудено и најмногу снег утрово на Попова Шапка
-

Нетанјаху: Иран веќе не може да збогатува ураниум и да произведува балистички ракети
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан Бајрам
-

ЕУ повика на повторно отворање на Ормускaтa Теснина и прекин на нападите врз енергетската и водоводната инфраструктура
-

Во Македонија се живее пет години помалку отколку во ЕУ, жените подологовечни од мажите
-

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам
-

Кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ продолжува во Росоман
