Ковачки: Шекеринска призна дека згрешила и заради тоа немаме воен претставник во НАТО, време е за оставка
Добивме одговор дека некој некаде погрешил во процедурата за избор и испраќање на нашиот највисок воен претставник во НАТО.
Во духот на “транспарентоста и отчетноста” пред јавноста, на Шекеринска и’ требаа цели 11 денови и постојан притисок за да се одважи и да меѓу редови каже дека сепак погрешила.
После 11 дена молк и игнорирање од страна на Министерот за одбрана, денеска слушнавме дека овојпат нема да брзала со избор на ново лице - кандидат, туку ќе почекала додека не завршат сите процедури за сите кандидати што барале НАТО безбедносни сертификати, па од нив ќе бирала кој ќе замине во НАТО.
Со самото тоа се потврдува нашата теза дека првичното номинирање и избор на кандидатот било грешка и истото се должи на непрофесионалност и на политизација на процесот, односно на субјективизам при одлучувањето.
Е сега, останува да се понесе одговорност за јавната бламажа на Македонија на меѓународна сцена и да се утврди зошто, кој и каде погрешил.
Секако, Министерот за одбрана е таа која мора да понесе политичка одговорност и да поднесе оставка како што тоа би било случај во било која држава од цивилизираниот, односно демократскиот свет.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар