-->
-->
Ковачки: Стани Славјанка дај си оставка
-->
Пратеникот и член на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки преку Фејсбук ја повика министерката за одбрана Славјанка Петровска да поднесе оставка од функцијата.
- Славјанка Петровска и нејзиното семејство имаат пријавено живеалиште во хациендата со базен која Министерката за одбрана ја крие.
Утре на прес-конференција ќе обелодениме документи и докази дека Петровски се уште се во владение на луксузната хациенда со базен, која патем е дивоградба, а нејзиното бесправно градење е кривично дело.
Стани Славјанка Петровска не бегај и дај си оставка веднаш.
Лажеше дека хациендата не е твоја. Фатена си во лага. Хациендата со базен да ја подариш на здруженијата на бранители од 2001 година, пишува на Фејсбук Ковачки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ОЈО: Јавниот обвинител не може да спречи никого да го бара на телефон
-

Тема на денот со Драган Даниловски, епидемиолог
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Мицкоски врши притисок врз обвинителството
-

Мицкоски шокиран од запрената истрага за мазутот
-

Екс министерот за земјоделство бил на распит во полициска станица
-

Газдата на „Пулс“ ги принудувал вработените да кријат неправилности од инспекциите и да глумат гости
-

Прободеното дете во училиште во Ченто е стабилно, но се уште е на респиратор-министерката бара измени на Законот за образование
