Ковид-19 може да стане сезонска епидемија, но Германија ќе ја контролира со вакцини
Пандемијата со Ковид-19 веројатно ќе стане епидемија до есен или зима, за која може да се очекува да се повторува секоја година, но и да се контролира со вакцини, изјави водечкиот германски вирусолог, објави Гардијан.
Кристијан Достен нагласи дека верува оти бројот на заболени од коронавирус ќе се зголеми по летото, но дека болеста ќе може да се контролира. Иако скокот најверојатно ќе се опише како „четврти бран“, рече тој, веројатно ќе означи почеток на „нова, ендемична фаза“ или „сезонска епидемија“ што ќе се повтори во текот на неколку години, но може да биде под контрола со ревакцинација.
Дростен е раководител на одделот за вирусологија на Универзитетската болница во Берлин, и е клучен глас што ги советува владата и јавното здравство во текот на пандемијата. Тој објасни дека и покрај јасните индикации дека вирусот станува се поконтролиран, сепак постои опасност поради луѓе кои не успеваат да ја земат втората доза или веруваат дека вакцините повеќе не се потребни.
„Во моментов сме во преодна фраза“, рече Достен за Corona Update популарен неделен подкаст на германското радио НДР.
„Нашата следна цел како општество е 80 отсто од возрасната популација да бидат целосно вакцинирани. Тој рече дека сите очекувања се дека Германија ќе ја постигне оваа цел до крајот на август или средината на септември. Во моментов, 23 отсто примиле целосна вакцинација и 47 отсто примиле една доза.
Ново на Сител
-
Пијан со голема брзина на пешачки удрил во девојка која се здобила со сркшеници
-
Утре повторно судење за смртно прегазената Теодора во Тетово во 2022 година
-
Макрон: Париз и Лондон работат на едномесечно примирје во Украина
-
Трамп: Помалку да се грижиме за Путин а повеќе за силувачите меѓу мигранти - да не завршиме како Европа
-
Доделени „Оскарите“, најдобaр филм е „Анора"
-
Прв лет Амстердам - Скопје по 12 години
-
Почнува Велигденскиот пост
-
Владина делегација предводена од премиерот Мицкоски на унгарско-македонски владин самит во Унгарија