Ковид-19: Во Кина почна втората фаза од тестирањето вакцина на луѓе
Кинеските истражувачи ја започнаа втората фаза од тестирање можна вакцина против коронавирус врз луѓе, објави денеска Институтот за медицинска биологија на Кинеската академија за медицински науки.
Во втората фаза, според најавата на Институтот, ќе се утврди дозата на вакцината, а ќе продолжи и проценката дали вакцината може безбедно да го натера на одговор имунолошкиот систем кај здраво лице.
Вакцината што ја тестира Институтот за медицинска биологија е една од шесте можни вакцини што ги тестираат кинеските научници врз луѓето.
Околу 200 луѓе учествуваа во претходната фаза на тестирање, што почна во мај.
Повеќе од 10 вакцини се во различни фази на тестирање врз луѓе ширум светот во време кога Светската здравствена организација предупредува дека пандемијата забрзува и дека светот сега е во „нова и опасна фаза“.
Ниту една од овие вакцини, сепак, не ги поминала клиничките испитувања во последната, третата фаза, што е неопходно за тие да бидат одобрени за продажба.
Ново на Сител
-
Околу 18.000 Сиријци се вратија дома по падот на Асад
-
Сиљановска Давкова: Треба да ги тераме ЕУ реформите, Европајнин се станува со почитување на правото
-
Тошковски: Прашањето не е дали, туку кога Груби ќе се најде пред лицето на правдата во нашата држава
-
Димитровска: Нема судир на интереси во случајот со членот на ДКСК и директорот на АНБ
-
АМСМ: Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
Скопјанка измамена за 45.000 денари - ја излажале дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајка
-
Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан
-
Бегајќи од полицијата, предизвикал две сообраќајки - лишен од слобода млад скопјанец