-->
-->
Кожув домаќин на Фени Индустри во дуел од БИБЛ лигата
-->

Во регионалната Балканска кошаркарска лига (БИБЛ) денеска започнува втората фаза од натпреварувањето, во која место обезбедија сите четири екипи македонски претставници.
Во Гевгелија од 19 часот, кошаркарите на Кожув ќе го пречекаат кавадаречки Фени Индустри во натпревар од Ц групата во која половина час порано (18.30) во Стара Загога ќе играат бугарскиот претставник Берое и Сутјеска од Црна Гора.
Утре на програмата се средбите од Д групата во која македонското дерби ќе се игра во Скопје од 19 часот каде Карпош Соколи е домаќин на Куманово.
Во вториот меч од оваа група се среќаваат Теодо (Црна Гота) и Пеќ (Косово).
Натпреварите од оваа фаза екипите ќе ги започнат со следниот биланс:
Ц група - табела: Берое 2-0(победи-порази), Фени Индустри 1-1, Сутјеска 1-1, Кожув 0-0.
7.
Д група - табела: Куманово 2-0, Пеќ 1-1, Карпош Соколи 1-1, Теодо 0-0
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
-

Питачењето како феномен за кој се бара решение
-

Недостиг од кадар во угостителкиот сектор
