-->
-->
Крадец фатен додека „оперирал“ во магацински простории во Штип
-->
Штипјанец за време на полицискиот час крадел во магацин. Полицијата синоќа во 22:45 часот во магацински простории на улицата „Железничка“ на лице место го фатиле 51-годишниот Ј.И. од Штип.
-Украдените предмети биле одземени и вратени на оштетеното лице. По целосно документирање на случајот против Ј.И. ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, се вели во соопштението на СВР-Штип.
Оттаму посочуваат дека на подрачјето на СВР Штип осум лица не ја почитувале мерката за забрана за движење.
Во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Штип од Државниот санитарен и здравствен инспекторат на 96 лица им биле издадени решенија за изолација, а контрола им била извршена на 1121 лицe со вакви решенија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Наместо 5.000 денари, пензионерите во септември ќе добијат 2.500, а останатите во март
-
Борисов со нови закани, Мицкоски вели дека изјавите му се застарени
-
Синдикатот на полицијата со кривична против Оливер Спасовски
-
Преглед на вестите од светот
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари