Крај на убавото ноемвриско време, од утре невреме
Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, поинтензивни во западните и источните делови од земјата. На највисоките планини особено во западните делови ќе има услови за повремен снег. Преку денот ќе дува умерен до засилен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина од 50 до 70 километри на час.
Утринската температура ќе се движи од седум до 12, а дневната од 12 до 17 степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и умерен претежно југоисточен ветер кој повремено ќе засилува. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 14 степени.
Во следниот период од понеделник до среда ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе биде над нула, а дневната ќе биде во постепено опаѓање.
Ново на Сител
-
Дурмиши: Цените се намалени за 5 до 10 %, есенската кошничка месечно заштедува до 1300 денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Можни ли се уставни измени со одложено дејство?
-
Mожни ли се уставни измени со одложено дејство?
-
Тема на денот со Симонида Кацарска, директорка на ЕПИ
-
Преглед на вестите од светот
-
Јавниот обвинител дава отчет пред пратениците за работата во 2023
-
Енергетиката и инфраструктурата во фокусот на средбата Мицкоски - Вучевиќ во Скопје