-->
-->
Крај српскиот град Параќин најдени и деактивирани 126 мини
-->

Членовите на специјализираната руско-српска единица за хуманитарно деминирање во регионот на српскиот град Параќин откри 126 неексплодирани мини, пренесе Танјуг.
-Единицата деминира територија од 306.380 квадратни метри, во која најде, извади и деактивира 126 различни експлозивни направи, информира директорот на Центарот за деминирање на Србија, Бранислав Јовановиќ.
Во деминерската екипа има 14 руски и седум српски деминери и таа годинава е ангажирана во деминирање на 577.584 квадратни метри во регионот на Параќин, во источна Србија.
Работата на оваа специјализирана екипа ќе продолжи до крајот на септември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сиљановска на Самитот на НАТО: Обединета Европа значи посилна Европа
-

Локалитетот „Баргала“ можеби „крие“ постара историја
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата почна постапка за доделување концесии за испитувања за металични минерали
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Пропадна и денешниот обид за Изборниот законик
-

Марта Кос утре во Скопје на средба со премиерот Мицкоски
