Кражба во обложувалница во Србија - упаднаа вооружени, вработениот им се спротистави
Веселин Ивковиќ кој од драмата која се одиграла вчера во околу 03:10 во локал, каде работи повеќе од 10 години, излегол како победник, затоа што со голи раце им се спротиставил на вооружените разбојници.
- Стоев зад шанкот кога дојдоа двајцата момци, вооружени, мислев дека навистина е шега и им реков „излезете надвор“. Тие повторуваа „кражба кражба, пари, пари“, а јас „излезете надвор“. Имаа капи и марами преку лицето и во еден момент вперија пиштол и пушка во мене. Испукаа куршум, а јас дури тогаш се фрлив под шанкот. Се обидоа да ги земат парите, а јас се трудев да ја задржам вреќата со пари. Не бев ни свесен што правам, едноставно сакав да си ги одбранам парите. Кога ги погледнав снимките од безбедносните камери, како тогаш да видов што се може да се случи. Можеби и адреналин беше во прашање, па така изреагирав, рекол 33- годишниот Веселин.
Касата во тој момент се нашла на подот од обложувалницата, а парите се расфрлале.
Разбојниците собрале минимален дел, околу 7.000 динари, а прометот изнесувал 100.000 динари.
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје