Креативците од ООУ „Гоце Делчев“ - Центар ги насликаа културните наследства во општината
Eдукативно- креативна секција "Разигран калеидоскоп" при ООУ "Гоце Делчев"- Центар, реализираше проект во кој се одбраа 12 објекти од општина Центар кои се прогласени за национално и културно наследство.
Од образовен аспект, во текот на проектот децата истражуваа за објектите, се донесоа заклучоци, ги посетија објектите и изработија постери.
Исто така, покажаа дека се мотивирани да ја развијат свеста за својата околина, љубов кон минатото, свесност за сегашноста со осврт кон иднината, развивање на повеќе компетенции и користење на интернетот за истражувачка работа и најважно, желба објектите кои одамна не се реставрирани, повторно да заживеат.
На завршниот настан кој се одржа денеска децата ги претставија своите изработки и сознанија на кој се претстави Календар за 2025 г. "Центарски калеидоскоп", на кој има 12 цртежи од објектите, нацртани од учениците од ликовната секција.
Станува збор за Старата Жел.станица и Музејот, Феудална кула, Ристиќева палата, Арапска куќа, Камениот мост, Дом Ибни Пајко, Св.Димитрие, Куршумли ан, УКИМ и Унив.библиотека, Старата пошта, Палатата Рубен и Катол.црква Пресвето Срце Исусово - една кружна прошетка.
На настанот се обрати и Велика С.Серафимовска која ја потенцираше важноста за зачувување на нашето материјално и нематеријално богатство.
Ново на Сител
-
Владата го задолжи Министерството за правда да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител
-
Тема на денот со Бесар Дурмиши, министер за економија и труд
-
Владата иницира разрешување на Коцевски
-
10% маржа на 100 групи производи до крајот на април, мерката ќе биде донесена деновиве
-
Пукање во Чаир, еден убиен и двајца повредени
-
Какви мерки ќе има за цените?
-
Со инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката, ќе се обезбеди струја за 20.000 домаќинства
-
Пад на листата за перцепција на корупцијата според Транспаренси